Рамадани: Каков и да биде исходот против Данска, тоа е составен дел од спортот

„Мотивацијата кај фудбалерите е на максимум. Подготвени сме да го дадеме најдоброто од себе во секоја минута, со висока тактичка дисциплина, а резултатот ќе биде показател за нашиот труд и залагање.“, вели Рамадани.

Прегледи:

Датум:

Македонската репрезентација ги завршува подготовките во Скопје за првиот бараж натпревар против Данска за пласман на Светското првенство.

Фудбалерот од средниот ред, Решат Рамадани, во разговор за ФФМ истакна дека тимот е целосно фокусиран на предизвикот што следи.

„Свесни сме за значењето на овој натпревар за нас. Ја знаеме вредноста што ја има овој дуел за Македонија и затоа ќе влеземе на теренот подготвени да го дадеме максимумот. Каков и да биде исходот, тоа е составен дел од спортот, а конечниот резултат ќе биде вистински одраз на прикажаното.“

Рамадани додава дека атмосферата во тимот е на високо ниво:

„Мотивацијата кај фудбалерите е на максимум. Подготвени сме да го дадеме најдоброто од себе во секоја минута, со висока тактичка дисциплина, а резултатот ќе биде показател за нашиот труд и залагање.“, вели Рамадани.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...