Реал Мадрид официјално го претстави Дамфрис

Реал Мадрид го потврди доаѓањето на холандскиот дефанзивец Дензел Дамфрис од Интер Милано. Вредноста на трансферот се проценува на 22 милиони евра

Прегледи:

Датум:

Реал Мадрид го потврди доаѓањето на холандскиот дефанзивец Дензел Дамфрис од Интер Милано. Вредноста на трансферот се проценува на 22 милиони евра.

„Постигнавме договор за трансфер на Дензел Дамфрис, кој ќе биде врзан за нашиот клуб во следните четири сезони, до 30 јуни 2030 година“, објави мадридскиот клуб во официјално соопштение.

30-годишниот Дамфрис игра како офанзивен десен бек, а неговото доаѓање дополнително ја заострува конкуренцијата на десното крило, каде што веќе игра англискиот репрезентативец Трент Александар-Арнолд. Тој играше за Холандија на Светското првенство, каде што неговиот тим беше елиминиран во осминафиналето откако загуби од Мароко на пенали.

Тој пристигна во Интер во 2021 година од ПСВ Ајндховен и со италијанскиот клуб освои две титули во Серија А и двапати играше во финалето на Лигата на шампионите.

Холандскиот дефанзивец е четвртото засилување на Реал Мадрид ова лето, по пристигнувањето на Марк Кукуреqа, Бернардо Силва и Ибрахима Конате. Клубот е во процес на голема реконструкција на тимот по две последователни сезони без голем трофеј, а португалскиот тренер Жозе Мурињо го замени Алваро Арбелоа.

Како дел од промените, „Лос Бланкос“ го продолжија и договорот со централниот дефанзивец Антонио Ридигер до 2027 година, додека Дани Карвахал и Давид Алаба го напуштија клубот на крајот од минатата сезона.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...