Реал може да добие трет тренер оваа сезона, доколку Арбелоа изгуби од Манчестер Сити

Вчерашниот пораз на Реал Мадрид од Хетафе на „Сантијаго Бернабеу“ донесе многу нови сомнежи за долгорочната иднина на Алваро Арбелоа на чело на тимот, објавуваат локалните медиуми.

Прегледи:

Датум:

Вчерашниот пораз на Реал Мадрид од Хетафе на „Сантијаго Бернабеу“ донесе многу нови сомнежи за долгорочната иднина на Алваро Арбелоа на чело на тимот, објавуваат локалните медиуми.

Поранешниот дефанзивец започна со разочарувачки пораз од Албасете во Купот, но постепено резултатите на тимот се стабилизираа, особено во Ла Лига, но исто така обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите по успесите над Бенфика.

Португалците беа тие што однесоа убедлива победа против 15-кратниот освојувач на најпрестижниот клупски трофеј и ги испратија во дополнителната рунда од плејофот.

Сега Арбелоа повторно акумулираше два последователни порази во првенството, а прашалниците околу неговата иднина се зголемуваат. Реал Мадрид заостанува четири бода зад лидерот Барселона, а до крајот на првенството остануваат 12 кола.

Сега „АС“ додава дека настапот на тимот во осминафиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити ќе биде клучен за краткорочната и среднорочната иднина на тренерот.

Лош настап и евентуално испаѓање речиси сигурно би значеле отказ на Арбелоа и трети тренер на тимот оваа сезона.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...