Рис Џејмс ја повреди тетивата по 10-ти пат од 2020 година

Официјално, најмалерозниот фудбалер ја обнови повредата на тетивата - по 10-ти пат оваа деценија!

Прегледи:

Датум:

Официјално, најмалерозниот фудбалер ја обнови повредата на тетивата – по 10-ти пат оваа деценија!

Неверојатната информација доаѓа непосредно пред најважната фаза од сезоната за Челси, во која Рис Џејмс ќе биде надвор од терените неколку недели.

Десниот бек доживеа нова лоша среќа само три дена откако ја продолжи соработката со „сините“. Фактот дека и покрај толку многу проблеми успеа да освои нов шестгодишен договор, според кој добива 13.500.000 евра годишно, најдобро покажува каков играч е Рис Џејмс. Но, и колку е малерозен…

Се чинеше дека оваа сезона е поинаква, бидејќи пропушти само пет дуели, но ѓаволот повторно затропа на вратата.

Вкупно, во изминатите седум сезони, откако е на „Стемфорд Бриџ“, одигра 226 натпревари, постигна 16 голови, асистираше 31 пат – и пропушти дури 136 натпревари.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...