Капитенот на Челси, Рис Џејмс, бил подложен на операција на коленото, потврди клубот во петокот.
„Капитенот Рис Џејмс беше подложен на успешна мала операција на коленото“, се вели во соопштението на лондонскиот клуб.
Според Челси, 26-годишниот англиски репрезентативец ја добил повредата на тренинг и по лекарските прегледи е заклучено дека операцијата е неопходна.
Тој ги пропушти последните два лигашки натпревари поради повредата: поразот од Брентфорд (0:3) и победата од Борнмут (5:1).
Клубот вели дека неговото закрепнување веќе започнало, со поддршка на медицинскиот персонал во Кобхам.
Челси не соопшти колку долго Џејмс, кој имаше многу проблеми со повреди во последните години, ќе биде надвор од терените. Според „Атлетик“, паузата би можела да трае околу три месеци, што значи дека би можел да се врати на теренот кон средината на јануари.
„Сините“ гостуваат кај Евертон во сабота и моментално се на шестото место на табелата во Премиер лигата.
Џејмс има шест настапи за Челси оваа сезона.


