Апелациониот комитет на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ја отфрли жалбата на Реал Мадрид и ја потврди суспензијата од четири натпревари на бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор, објави шпанскиот весник AS.
Винисиус беше исклучен минатиот викенд на натпреварот против Виљареал (1-0). Реал Мадрид побара казната да се поништи или барем да се намали, но апелационото тело не пронајде никаква очигледна грешка од страна на судијата и оцени дека првичната одлука е оправдана.
Клубот од Мадрид ја оспори суспензијата од два натпревари поради самото исклучување, како и дополнителните два што Бразилецот ги доби поради протести кон судијата Дијаз де Мера. Сите аргументи беа отфрлени.
Како резултат на тоа, Винисиус нема да игра во недела против Севиља на „Сантијаго Бернабеу“, а ќе го пропушти и „Ел Класико“ против Барселона на „Камп Ноу“ на 25 октомври. Тој ќе „одмора“ и за следните натпревари од Ла Лига против Расинг Сантандер на 1 ноември и Валенсија на 7 ноември.
Бразилскиот репрезентативец, кој има 57 настапи за селекцијата на својата земја, ќе се врати на теренот во првенството дури по репрезентативната пауза, на натпреварот против Селта, закажан за 21 или 22 ноември.


