Робертсон останува во Премиер лигата, сe договорил со Тотенхем

По девет години, во кои освои сè што може да се освои, Енди Робертсон го напушти Ливерпул. Како што стојат работите, Шкотланѓанецот ќе ја продолжи кариерата во Тотенхем

Прегледи:

Датум:

По девет години, во кои освои сè што може да се освои, Енди Робертсон го напушти Ливерпул. Како што стојат работите, Шкотланѓанецот ќе ја продолжи кариерата во Тотенхем.

Тотенхем беше заинтересиран да го доведе Енди Робертсон во зимскиот преоден рок, но Шкотланѓанецот не беше подготвен да се збогува со „Енфилд“ во тој момент.

Сега сè е решено. Робертсон брзо постигнал договор за личните услови со Спарс, кои се спасија од испаѓање од Премиер лигата во последното коло, а сè друго беше завршено набргу потоа.

Беше закажан и медицински преглед, па потпишувањето на договорот остана само формалност.

Се очекува Робертсон да се појави на Светското првенство со Шкотска и логично беше дека ќе сака да го реши прашањето за продолжување на кариерата пред да замине со репрезентацијата.

Секако, се чека официјална потврда од Тотенхем.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...