Рој Хоџсон се враќа од пензија за да го преземе Бристол Сити

Англискиот стручњак Рој Хоџсон се врати од пензија по две години и го презеде Бристол Сити до крајот на сезоната, објави денес англискиот второлигаш.

Прегледи:

Датум:

Англискиот стручњак Рој Хоџсон се врати од пензија по две години и го презеде Бристол Сити до крајот на сезоната, објави денес англискиот второлигаш.

Како што беше најавено, 78-годишниот стручњак ќе го води тимот до крајот на сезоната по отпуштањето на Австриецот Герхард Штрубер. Хоџсон на тој начин се врати на клупата на популарните „Петли“ каде што седеше во 1982 година.

Бристол Сити е 16-ти на табелата во Чемпионшип по 39 кола и со пет кола до крајот, нема шанси да се квалификува во плејофот за пополнување на Премиер лигата, но не може ниту да испадне.

Хоџсон последен пат работеше во Кристал Палас во сезоната 2023/24.

Во својата богата кариера, Хоџсон беше тренер на Англија, Финска, Обединетите Арапски Емирати и Швајцарија, а меѓу другите ги водеше и Ливерпул, Интер, Копенхаген, Малме и Удинезе.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...