Шпанија ја симна Аргентина од тронот и на светската ранг-листа на ФИФА

По триумфот на Светското првенство, шпанската репрезентација се искачи на врвот на ранг-листата на ФИФА. „Фуријата“ го симна од тронот претходниот лидер Аргентина, кој го победи со 1:0 во финалниот натпревар од Светското првенство во 2026 година

Прегледи:

Датум:

По триумфот на Светското првенство, шпанската репрезентација се искачи на врвот на ранг-листата на ФИФА. „Фуријата“ го симна од тронот претходниот лидер Аргентина, кој го победи со 1:0 во финалниот натпревар од Светското првенство во 2026 година.

Иако рангирањето сè уште не е официјално објавено, пресметките врз основа на сите 104 натпревари на турнирот покажуваат значителни промени на врвот. Шпанците сега имаат 1995,88 поени, додека Аргентинците остануваат на втората позиција со 1970,37 поени.

Третото место на рангирањето го зазема Франција со 1948,97 поени. Веднаш по „петлите“ е освојувачот на бронзениот медал на Светското првенство – Англија, кои „собраа“ 1922,83 поени. Првата петорка ја комплетира бразилската репрезентација со 1804,92 поени.

Во првите 10 на ранг-листата се наоѓаат и репрезентациите на Мароко, Португалија, Белгија, Холандија и Мексико.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...