Силекс ги освои трите бода од Кавадарци, реми на Арсими и „лавовите“

Екипата на Силекс го совлада тимот на Тиквеш во Кавадарци со минимални 1:0 (0:0) во дуел од 20. коло на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Прегледи:

Датум:

Екипата на Силекс го совлада тимот на Тиквеш во Кавадарци со минимални 1:0 (0:0) во дуел од 20. коло на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Првото полувреме заврши без голови, во голема борба на средината на теренот, и битка за секоја топка. Во второто полувреме Силекс продолжи да напаѓа и да се заканува.

Во 62. минута Стевковски „капитулираше“. Пиреш излезе сам пред голот на домашните и шутираше рутински во мрежата.

Во вториот натпревар за денот, Арсими и Македонија ЃП одиграа без победник – 1:1.

Двата гола паднаа во првото полувреме.

Ајдоган ги доведе „лавовите“ во водство во 35 минута, а само 3 минути подоцна Бешагиќ израмни за домаќините.

Иако двата тима имаа шанси, резултатот се задржа до крајот на натпреварот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...