Софијаноски пред дуелот со Ерменија: Мора да ги отстраниме сите недостатоци што ги покажавме на мечот во со Италија

Репрезентацијата до 21 година утре против Ерменија ќе го одигра осмиот натпревар од овој цикус на квалификации за Европското првенство

Прегледи:

Датум:

Репрезентацијата до 21 година утре против Ерменија ќе го одигра осмиот натпревар од овој цикус на квалификации за Европското првенство.

Утрешниот противник е единствениот кој до овој момент успеавме да го совладаме, а избраниците на селекторот Горан Станиќ најавуваат дека во Ереван ќе го забележат и вториот триумф.

„На дуелот против Ерменците одиме да освоиме три бода. Верувам дека целта може да ја исполниме. Сите фудбалери се подготвени да го дадат максимумот и ќе одиграме на највисоко ниво. Натпреварот со Италија беше огромно искуство за сите нас, тоа е репрезентација што се бори за првото место во групата и е фаворит за највисоката позиција. Сметам дека можеме да ја совладаме Ерменија, но мораме да ги отстраниме сите недостатоци што ги покажавме на мечот во со Италија, особено индивидуалните грешки да ги сведеме на минимум”, изјави Матео Софијаноски.

Натпреварот што ќе одигра на теренот во тренинг центарот на националната асоцијација во Ереван почнува 15 часот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...