Станиќ: Мора да ги сведеме на минимум индивидуалните грешки што досега скапо нè чинеа

Младата репрезентација на Македонија до 21 година ја очекуваат два тешки натпревари во квалификациите за Европското првенство 2027

Прегледи:

Датум:

Младата репрезентација на Македонија до 21 година ја очекуваат два тешки натпревари во квалификациите за Европското првенство 2027.

На 26 март во Емполи избраниците на Горан Станиќ ќе се соочат со Италија, а пет дена подоцна, на 31 март, ќе гостуваат во Ереван кај Ерменија.

Нашата селекција веќе ги започна подготовките, а селекторот вели дека се спроведени одредени промени и тимот е подмладен со фудбалери кои ќе бидат носители и во следниот циклус, но и со играчи кои верува дека веќе сега можат да одговорат на барањата.

„Клучно ќе биде да одиграме дисциплинирано, одговорно и борбено. Мора да ги сведеме на минимум индивидуалните грешки што досега скапо нè чинеа и да извлечеме максимум од двата натпревари. Очекувам храбар пристап, без преценување или потценување на противникот, со фокус на нашата игра“, изјави селекторот Станиќ.

Во групата од квалификациите за ЕП 2027, македонската репрезентација во шесте натпревари, запиша домашна победа против Ерменија (2:1). Против Италија, во Битола, загубивме со 0:1.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Билбао му одржаа лекција на Атлетико Мадрид

Фудбалерите на Атлетико Билбао му одржаа лекција на Атлетико...

Премиер лига: Халанд кобен за Ковентри, прв бод за Тотенхем

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ковентри со 1-0...

Бундеслига: Дортмунд и Елвесбург со пресврти, Лајпциг поразен

Борусија Дортмунд го победи Хофенхајм со 3-2 на гости,...

Изненадување на сезоната: Гасли ја освои пол-позицијата во Монца

Пјер Гасли го направи изненадувањето на сезоната во Формула...