Тиквеш и Вардар не се победија во Кавадарци

Тиквеш со десетмина фудбалери успеа да остане непоразен и одигра 1-1 против актуелниот првак Вардар во последниот натпревар од петтото коло во Првата фудбалска лига.

Прегледи:

Датум:

Тиквеш со десетмина фудбалери успеа да остане непоразен и одигра 1-1 против актуелниот првак Вардар во последниот натпревар од петтото коло во Првата фудбалска лига.

Тиквеш поведе во 21.минута. По нафрлувањето од слободен удар, Ибрахима Фал со удар со глава ја затресе мрежата на Вардар.

Само четири минути подоцна, Тиквеш остана со фудбалер помалку, откако Лавал при еден дуел со лакот го удри Филип Најдовски. По интервенција од ВАР собата, судијата Грујоски му покажа црвен картон.

Вардар успеа да израмни во 40.минута. Одличен гол со глава постигна капитенот Азер Омерагиќ, по центаршутот на Давид Бабунски од левата страна.

По ремито, Тиквеш е на третото место во ПМФЛ, додека Вардар е на четвртото.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тренерот на ФК Охрид доби забрана за вршење функција во траење од 1 месец.

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки...

Жалбата на Реал одбиена – Винисиус аут за „Ел Класико“

Апелациониот комитет на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ја отфрли...

Рис Џејмс опериран, капитенот на Челси повторно ќе биде надвор од теренот

Капитенот на Челси, Рис Џејмс, бил подложен на операција...

🎬 Почетокот на неверојатна кариера: Меси дебитираше за Барселона пред 22 години

На денешен ден пред 22 години, на 16 октомври...