Тивка војна во Реал Мадрид: Мбапе не почитува наредби, откриен конфликт внатре во клубот

Проблемите со коленото на Килијан Мбапе предизвикаа судир меѓу медицинскиот персонал на Реал Мадрид и француските специјалисти со кои се консултирал напаѓачот

Прегледи:

Датум:

Проблемите со коленото на Килијан Мбапе предизвикаа судир меѓу медицинскиот персонал на Реал Мадрид и француските специјалисти со кои се консултирал напаѓачот.

Мбапе, кој моментално е дел од француската репрезентација, им изјави на новинарите дека повеќе нема проблем со левото колено, кое го мачи од декември, и дека сите шпекулации што се појавија неодамна немаат апсолутно никаква основа во реалноста.

„Моето колено? Одлично е“, рече Мбапе.

Она што Мбапе не го кажува е дека неговата посета на одредени лекари во Париз многу го вознемирила Реал Мадрид, а особено медицинскиот персонал на клубот.

Дури и официјалното соопштение на клубот алудира на овој конфликт што се појави во периодот кога играчот инсистираше да добие мислење од француски лекари, игнорирајќи го она што му го кажуваа во клубот.

„Знам дека имаше многу шпекулации, многу е кажано, но ништо од тоа не е вистина. Таков е животот на врвен спортист и јавна личност. Можеш да кажеш работи за себе без претходно да провериш и тоа не е голема работа. Никогаш нема никакви последици. Навикнат сум на тоа. Но, добро е, се вратив 100 проценти. Имав среќа да ја добијам точната дијагноза кога се вратив во Париз и се консултирав со неколку специјалисти. Заедно успеавме да го најдеме најдобриот план за да се вратам во мојата максимална форма, да бидам во најдобра форма на крајот од сезоната, и во Реал Мадрид и на Светското првенство“, порача тој.

Сепак, „одговорот“ дојде од „сателитот“ на Реал, радиото „Кадена СЕР“.

Новинарот Антон Меана понуди спротивно гледиште за дијагнозата, тврдејќи дека повредата е сериозна.

„Ќе го наречеме истегнување само затоа што така пишува во медицинскиот извештај, но повредата е навистина значајна! Сè уште има 100 дена до Светското првенство и Мбапе нема време за губење. Му требаат сите 100 дена за целосно да се опорави“, објасни Меана.

Нема сомнение дека се води тивка војна, која може да се реши само на еден начин. Кога Французинот ќе истрча на теренот и ќе врзе неколку натпревари…

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...