Унгарија ја победи Македонија со 5:0 на гостувањето во Битола

Во натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство во женска конкуренција, репрезентацијата на Унгарија ја совлада Македонија со 5:0.

Прегледи:

Датум:

Во натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство во женска конкуренција, репрезентацијата на Унгарија ја совлада Македонија со 5:0.

Гостинките го решија мечот уште во првото полувреме кога постигнаа четири погодоци, а клучни беа двата гола во првите девет минути.

Серијата погодоци ја отвори Дијана Чањи уште во втората минута, а веќе во деветтата зголеми на 2:0.

Унгарската репрезентативка во 20. минута повторно се запиша во листата на стрелци и со хет-трик им донесе на гостинките водство од 3:0.

Во првата минута од судиското надополнување, Силија Савања ја совлада Викторија Панчурова и Унгарија поведе со 4:0.

Во продолжението од натпреварот гостинките имаа целосна контрола врз играта и не успеаа да реализираат неколку шанси за погодок.

На две минути пред крајот на натпреварот Ана Чики го постави конечниот резултат од 4:0.

Следниот натпревар избраничките на селекторот Александар Андов го играат за четири дена кога повторно се среќаваме со Унгарија.

Натпреварот се игра во Фелчут, а почетокот е закажан за 15 часот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...