Дончиќ подготвен за првиот дуел со Хјустон!?

Судирот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон Рокетс во првото коло од плејофот на Западната конференција несомнено ќе донесе многу возбудувања. Во деновите пред овој натпревар, главна тема е, како што се очекуваше, Лука Дончиќ

Прегледи:

Датум:

Судирот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон Рокетс во првото коло од плејофот на Западната конференција несомнено ќе донесе многу возбудувања. Во деновите пред овој натпревар, главна тема е, како што се очекуваше, Лука Дончиќ.

Дали фантастичниот Словенец ќе се опорави доволно за да го предводи тимот на Џеј Џеј Редик? Според сите извештаи, сосема е можно. Колку и да изгледаше нереално само неколку дена претходно.

„Словенецот ќе отпатува од Мадрид во вторник за повторно да биде прегледан од лекарите на Лејкерс за повредата, а постои можност да игра против Хјустон“, пишува шпанска „Марка“ во статија насловена како „Чудото на Дончиќ? Брзото враќање веќе не е невозможно“.

Кога словенечкиот ас се повреди пред две недели против Оклахома Сити, оптимистите беа малкумина. Во меѓувреме, Дончиќ остана без можност да освои индивидуални награди за неодамна завршената НБА сезона. Бекот одигра само 64 натпревари од регуларната сезона, па агентот на Лука мораше да поднесе жалба, чиј исход сè уште е непознат.

Во обид да се опорави навреме, Дончиќ отпатува во Мадрид за да работи со Самуел Кастиља, поранешен фитнес тренер на Реал Мадрид, една недела. Цело време тој примаше терапија и инјекции во повредената нога.

Американскиот „инсајдер“ Марк Штајн вели дека одлуката најверојатно ќе биде донесена во петок, бидејќи во меѓувреме ќе бидат извршени нови тестови.

Остин Ривс, другиот повреден стартен бек на „езерџиите“, исто така се опоравува, но неговите шанси да игра се помали од оние на Дончиќ.

Првиот натпревар од серијата Лејкерс-Рокетс е закажан за сабота навечер во 2:30 часот по наше време.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...