Загина тринесетгодишен фудбалер на ФК Куманово – бил удрен од автомобил додека возел тротинет

Во трагична несреќа загина 13-годишно момче, фудбалер во помладите категории на ФК Куманово. Аган Асани од селото Черкези бил удрен од автомобил на патниот правец Куманово – Скопје по стариот пат додека возел тротинет.

Прегледи:

Датум:

Во трагична несреќа загина 13-годишно момче, фудбалер во помладите категории на ФК Куманово. Аган Асани од селото Черкези бил удрен од автомобил на патниот правец Куманово – Скопје по стариот пат додека возел тротинет.

Веста ја сподели неговиот тренер, Исмет Зеќири на социјалните мрежи.

„Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашиот 13-годишен играч, Аган Асани. Неговата загуба длабоко нè погоди како клуб, оставајќи голема болка кај неговите соиграчи, тренери и целото семејство ФК Куманово. Во ова тешко време, им изразуваме најдлабоко сочувство на семејството Асани, роднините и пријателите. Споменот на Аган секогаш ќе остане во нашите срца. Нека почива во мир“, напиша Зеќири.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи по случајот.

„Со голема тага ја примивме веста за загубата на нашиот фудбалер, Аган Асани. Неговото заминување остави огромна болка кај соиграчите, тренерите и целото семејство на КФ Куманово. Изразуваме искрено сочувство до семејството Асани. Аган засекогаш ќе остане во нашите срца. Нека почива во мир“, сподели ФФМ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...