Зајков: Со добар резултат против Ирска, можеме побрзо да го оставиме натпреварот со Данска зад нас

По поразот од Данска, фокусот во националниот тим е насочен кон подобрување на формата пред дуелот кој нема поголемо значење.

Прегледи:

Датум:

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за гостувањето кај Република Ирска утре, 31.март, во Даблин. По поразот од Данска, фокусот во националниот тим е насочен кон подобрување на формата пред дуелот кој нема поголемо значење.

Дефанзивецот Ѓоко Зајков потенцира дека тимот извлекол поуки од претходниот натпревар и дека клучот ќе биде во менталната стабилност во текот на целиот меч.

„По направената анализа (од мечот со Данска – н.з.), јасно е дека имаше неочекуван пад по првиот примен гол. Тоа е сегмент на кој мора да работиме, кога ќе примиме гол, да не паѓаме како екипа, туку да се издигнеме и да реагираме подобро. Сега сме целосно фокусирани на Ирска. Не постојат пријателски натпревари, секој меч го играме на победа. Сакаме да се надигруваме со секого и да покажеме квалитет, како што сме знаеле и претходно. Многу е важно и од психолошки аспект да одговориме по поразот од Данска. Со добар резултат можеме побрзо да го оставиме тој натпревар зад нас и да изгледаме подобро во следните предизвици и квалификации”, изјавил Зајков, цитиран од ФФМ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...