Започнаа шпекулации за можен наследник на Мурињо во Реал Мадрид

Водечките фактори во Реал Мадрид го разгледуваат поранешниот селектор на Франција, Дидие Дешан, како можен наследник на Жозе Мурињо. Информацијата ја објави новинарот Серхио Валентин од Радио Марка на социјалните мрежи.

Прегледи:

Датум:

Водечките фактори во Реал Мадрид го разгледуваат поранешниот селектор на Франција, Дидие Дешан, како можен наследник на Жозе Мурињо. Информацијата ја објави новинарот Серхио Валентин од Радио Марка на социјалните мрежи.

Иако на португалскиот стручњак му беше дадена целосна слобода во изборот и формирањето на тимот во летото, шефовите на мадридските гиганти се разочарани од неубедливите настапи на теренот и недостатокот на јасен стил на игра. Иако соблекувалната стои зад својот тренер, неговата позиција останува несигурна. Во моментов, клубот сè уште не презел официјална акција за отпуштање на Мурињо, ниту пак започнал преговори со францускиот тактичар.

Во првенството во Ла Лига, „белите“ ја заземаат третата позиција со 21 бод по девет одиграни натпревари. Во најпрестижниот европски клупски турнир – Лигата на шампионите, Реал Мадрид ќе има домашен натпревар против РБ Лајпциг на 21 октомври во третото коло.

Дешан (58) е без тим од летото 2026 година, откако го заврши својот долг мандат како селектор на Франција. Под негово водство, „Петлите“ го освоија Светското првенство во 2018 година и Лигата на нации во 2021 година, а исто така стигнаа и до финалето на Евро 2016 и Светското првенство во 2022 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Евролигата до НБА: Две паралелни лиги би биле катастрофа

Евролигата останува отворена за разговори со Националната кошаркарска асоцијација...

Крос за играта на Баерн: „Го исклучив телевизорот по 30 минути, беше брутално“

Легендарниот германски фудбалер Тони Крос беше воодушевен од настапот...

Компани има сериозни здравствени проблеми

Баерн Минхен би можел да биде без тренерот Винсент...