Ѕвезда на ПСЖ се соочува со судење по обвинение за силување

Мароканскиот репрезентативец и фудбалер на ПСЖ, Ашраф Хакими, ќе се соочи со судење по обвинение за силување, потврди тој во објава на социјалните мрежи денеска

Прегледи:

Датум:

Мароканскиот репрезентативец и фудбалер на ПСЖ, Ашраф Хакими, ќе се соочи со судење по обвинение за силување, потврди тој во објава на социјалните мрежи денеска.

Хакими ги негира сите обвиненија.

„Денес, самото обвинение за силување е доволно за да се оправда судењето, иако целосно го негирам, а доказите покажуваат дека е лажно“, напиша Хакими на платформата X и додаде:

„Ова е подеднакво неправедно кон невините како и кон вистинските жртви. Мирно чекам судење кое ќе овозможи вистината да излезе на виделина.“

Обвинителството во Нантер отвори истрага во 2023 година откако беше поднесена тужба за силување против фудбалерот.

Обвинителството не одговори веднаш на барањето за коментар.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...