Фернандез го постигна 3.000-тиот гол на Светското првенство

Аргентинскиот играч од средниот ред, Енцо Фернандез, влезе во историјата постигнувајќи го 3.000-тиот гол на Светското првенство. Тоа се случи за време на осминафиналниот натпревар од Светското првенство 2026 против Египет, кој заврши 3-2 во корист на „гаучосите“.

Прегледи:

Датум:

Историскиот гол падна во 92-та минута од натпреварот одигран на стадионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта. Фернандез постигна гол со глава и му донесе победа на својот тим, кој заостануваше со два гола до 79-та минута.

Со овој гол, Аргентина обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот. Таму, актуелните светски шампиони ќе се соочат со победникот од двојката Швајцарија-Колумбија.

Голот број 1000 на светските финалиња го постигна Холанѓанецот Роб Ренценбринк во 1978 година, додека голот број 2000 го постигна Швеѓанецот Маркус Албак во 2006 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Пјастри падна за три места на стартот на Големата награда на Италија

Оскар Пјастри доби казна од три места на стартната...

Билбао му одржаа лекција на Атлетико Мадрид

Фудбалерите на Атлетико Билбао му одржаа лекција на Атлетико...

Премиер лига: Халанд кобен за Ковентри, прв бод за Тотенхем

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ковентри со 1-0...

Бундеслига: Дортмунд и Елвесбург со пресврти, Лајпциг поразен

Борусија Дортмунд го победи Хофенхајм со 3-2 на гости,...