Ѓулер се извини по историскиот срам на Турција: „Срам ни е…“

Турската репрезентација доживеа уште еден срам на големите натпреварувања, овој пат елиминирана од Светското првенство по само две кола

Прегледи:

Датум:

Турската репрезентација доживеа уште еден срам на големите натпреварувања, а овој пат елиминирана е од Светското првенство по само две кола.

Арда Ѓулер требаше да биде лидер на оваа генерација на Светското првенство, а Турците да се борат со САД за првото место во групата. Сепак, по поразите од Австралија и Парагвај, Турција го заврши првенството и сега и останува само еден натпревар со земјата домаќин.

Напаѓачот на Реал Мадрид беше скршен по натпреварот. Турција не постигна ниту еден гол на два натпревари, што беше големо изненадување.

Ѓулер се извини на целата нација, која веруваше во нив.

„Сакаме да се извиниме, срам ни е. Сите играме за врвни клубови и требаше да играме многу подобро на ова натпреварување. Не постигнавме ниту еден гол на два натпревари, што е неприфатливо“, рече напаѓачот на Реал Мадрид.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Бомба од Италија: Роналдињо се враќа на теренот, ќе игра за Равена

Додека сите очи на спортската јавност ги следат настаните...

Анчелоти ги израдува Бразилците по победата над Хаити: „Ќе игра против Шкотска…“

Бразилската репрезентација ја забележа својата прва победа на Светското...

Монтела по елиминацијата на Турција: „Вакви работи обично се случуваат еднаш во 50 години“

Турција беше елиминирана од Светското првенство откако загуби со...