Мерцедес ја освои светската титула кај конструкторите во Формула 1 во 2026 година, а по финалето во Сао Паоло, шефот на тимот Тото Волф лично коментираше за финалната битка.
„Одлично, едноставно одлично“, рече Австриецот. „Имавме многу силен почеток на сезоната, а потоа заостанувавме. Но, во последните трки се покажа дека е доста тешко, но можеме да бидеме горди на нашата организација и како се справуваме со сериозни тешкотии.
Toto leads the celebrations! 🕺
#F1 #BrazilGP @MercedesAMGF1 https://t.co/m4cfkOhHYG
— Formula 1 (@F1) November 8, 2026
„Ни беа потребни неколку години за да се вратиме на врвот. Многу малку тимови можат да се вратат на врвот како Мерцедес. Но, имаме одлични луѓе кои одлично ја работат својата работа и ова стана можно.“, додаде Волф.


