Тажно е, но дадовме сè од себе, рече Скалони по поразот во финалето

Тренерот на Аргентина, Лионел Скалони, не го криеше своето разочарување по поразот во финалето на Светското првенство против Шпанија (0:1). Сепак, тој рече дека поразите се дел од животот и мора да се прифатат, без разлика колку се тешки. Тој им се заблагодари и на своите играчи за нивната посветеност

Прегледи:

Датум:

Тренерот на Аргентина, Лионел Скалони, не го криеше своето разочарување по поразот во финалето на Светското првенство против Шпанија (0:1). Сепак, тој рече дека поразите се дел од животот и мора да се прифатат, без разлика колку се тешки. Тој им се заблагодари и на своите играчи за нивната посветеност.

„Тажно е, но дадовме сè од себе. Имам многу да кажам за тоа како стигнавме до тука, но не вреди. Чувствувам вечна благодарност кон овие момци кои се бореа до самиот крај. Ќе се сетам што направија и на фактот дека стигнавме до финалето. Тоа е од големо значење. Одлични сме во победите, но и во поразите, покажавме дека можеме да изгубиме“, започна Скалони.

„Ги прифаќаме работите какви што се, но тоа не значи дека мора да заборавиме што направивме за да стигнеме до тука. Мора да ѝ кажеме на земјата дека оставивме сè на теренот, тоа е одличен пример за нашиот народ и нашата земја. Може и да изгубите, тоа е животот“, додаде тренерот.

„Ги паметам и вторите места бидејќи е потребен многу труд за да се стигне до тука. Секако, би сакале да победиме. Единственото нешто што го чувствувам е благодарност. Можеш да играш добро или лошо, но кога си дал сè од себе, многу е тешко да обвиниш некого за нешто“, заклучи Аргентинецот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...