Според таткото на Ерлинг Холанд, Алфи, Александар Серлот е во голема мера виновен за елиминацијата на Норвешка од Светското првенство. Скандинавците загубија со 2-1 од Англија по продолженијата во четвртфиналето. Поранешниот играч на Лидс и Манчестер Сити го коментираше натпреварот, како и израмнувањето на „Трите лава“, кое дојде откако топката удри во една од камерите над стадионот.
„Луѓето ќе зборуваат за контроверзноста со камерата. Луѓето ќе зборуваат за поништениот гол. Но, според мене, најголемиот момент дојде кога Норвешка можеше да го реши натпреварот“, рече Алфи. Тој зборуваше за ситуација во која Норвежаните можеа да водат со 2-0 по одличен контранапад. Тогаш Серлот се најде напред, но изреагира себично и ја уништи контрата, иако до себе го имаше осамениот Ерлинг Халанд.
This angle of Sørloth ignoring Haaland. The reaction from Haaland says it all man. He was frustrated and disappointed, just like the rest of us. pic.twitter.com/i1sf0SjAH7
— Geronimo Morgans (@GeronimoMorgans) July 12, 2026
„Александар Серлот имаше луѓе околу себе, имаше опции. Неговите соиграчи викаа да додаде, но наместо тоа, тој одлучи сам да финишира. На ова ниво, против тим како Англија, немате многу можности да го решите натпреварот. Тоа беше една од нив. Англија се мачеше, изгледаше ранливо. Но, кога ќе го оставите тимот жив, играчи како Џуд Белингам ве казнуваат“, вели таткото на Ерлинг.
„Фудбалот е суров. Една одлука, едно додавање, еден момент може да го промени целиот турнир. Норвешка беше храбра и треба да биде горда, но кога повторно ќе го гледам тој натпревар, ќе продолжам да размислувам за тој напад. Чувствував дека тоа беше шансата да се стави шајката во ковчегот на Англија. Тие не го направија тоа и Англија ги натера да платат за тоа“, додаде Алфи.


