Тотенхем ја забележа првата победа во сезоната, откако го победи Ковентри со 3-1 дома во последниот натпревар од седмото коло на Премиер лигата. Сепак, најголемите овации му припаднаа на Дејан Кулушевски, кој се врати на теренот по пауза од 526 дена поради повреди.
Домашниот тим поведе во 14-тата минута со евроголот на Џејмс Медисон, кој по одбиената топка од Мохамед Кудус погоди од над 20 метри.
Ковентри израмни во 49-тата минута преку Џек Рудони, но Тотенхем брзо одговори. Омар Марму[ со силен удар од далечина го погоди далечниот агол во 58-тата минута и ја врати предноста на домашниот тим.
Тотенхем ја контролираше играта до крајот, а конечниот резултат го постави Бен Дејвис во 90-тата минута, по асистенција од Доминик Соланке.
Посебниот момент на вечерта се случи пет минути пред крајот, кога Кулушевски влезе во игра и беше пречекан со овации од навивачите, по долго закрепнување од повредата.
The moment Dejan Kulusevski made his long-awaited return from injury to a huge reception from the Spurs fans! 👏 https://t.co/yb0cTFmuoh
— Football Gossips (@FballGossips) October 19, 2026
Тотенхем со оваа победа стигна до шест бода, исто колку и Ковентри, а двата тима го заземаат 16-тото и 17-тото место на табелата.


