🎥Целосен дебакл на Јувентус: Ова никогаш не им се случило

Ова е прв пат во модерната ера на Лигата на шампионите „Старата дама“ да прими пет или повеќе гола во еден натпревар

Прегледи:

Датум:

Јувентус претрпе еден од најтешките удари во својата историја кога се работи за настап во Европа – загуби со 5-2 од Галатасарај во Истанбул во првиот натпревар од плејофот за Лигата на шампионите.

Ова е прв пат во модерната ера на Лигата на шампионите „Старата дама“ да прими пет или повеќе гола во еден натпревар.

Иако Јувентус примил пет или повеќе гола во елитното натпреварување само еднаш, во 1958 година, кога бил поразен со 7-0 од Виенер Спорт-Клуб во Европскиот куп, овој пораз е меѓу најтешките во европската архива на клубот.

Во модерната Лига на шампиони, која се одржува од 1992 година, ова сценарио никогаш не му се случило на Јувентус. Досега, најтешките порази во таа ера се забележани како 0-4 против Челси во 2021 година, како и 0-3 против Манчестер Јунајтед во 2003 година, Барселона во 2017 година и Реал Мадрид во 2018 година.

За клуб кој ја освои Лигата на шампионите двапати во 1985 и 1996 година, но изгубил дури седум финалиња, пораз од ваков размер има силна симболика. На социјалните медиуми, навивачите веќе го нарекоа натпреварот „Истанбулска катастрофа“, повлекувајќи паралели со некои од најголемите европски разочарувања од претходните сезони.

Реваншот во Торино ќе биде клучен, но со негатива од три гола, Јувентус ќе мора да го направи речиси невозможното за да се пласира понатаму.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...