Фудбалерите на Комо ја победија Фиорентина во Фиренца со 3:1, во седмото коло од Серија А. Комо постигна два гола во првото полувреме, со разлика од четири минути (Либерали 32, Паз 36) и го најави триумфот.
Домашниот тим ја врати неизвесноста преку Понграчиќ во 42-та минута, но таа беше краткотрајна.
Дувикас ја врати предноста од два гола на тимот на Сеск Фабрегас во 56-та минута, со што мирно го донесе натпреварот до крај.
Комо е четврти со 14 бода, додека „виола“ е претпоследна со само четири бода.
Во првиот натпревар од денот, Лече беше убедлив против Удинезе со 3:0.


