📽️ Роналдо на чекор од својот прв трофеј по три и пол години во Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо е се поблиску до својот прв официјален трофеј откако пристигна во Саудиска Арабија пред речиси три и пол години. Иако го освои Арапското клупско првенство во 2023 година со Ал Наср, тој трофеј не е признат како официјален од ФИФА

Прегледи:

Датум:

Кристијано Роналдо е се поблиску до својот прв официјален трофеј откако пристигна во Саудиска Арабија пред речиси три и пол години. Иако го освои Арапското клупско првенство во 2023 година со Ал Наср, тој трофеј не е признат како официјален од ФИФА.

Сепак, можноста да се прослави вистинска титула е на дофат. Ал-Наср е на врвот на саудиската лига, со пет бода предност пред Ал-Хилал. Ал-Наср има уште два натпревари до крајот на сезоната, додека Ал-Хилал има три, а клучната средба меѓу овие ривали е закажана за вторник, 12 мај, а Ријад ќе биде местото на битката.

Во потрага по својата прва титула во националното првенство од 2019 година, Ал-Наср го победи Ал-Шабаб со 4-2 на гостински терен синоќа. Натпреварот го одбележа фантастичниот Жоао Феликс со три гола, додека Кристијано Роналдо го постигна својот 971-ви гол во кариерата.

Португалската ѕвезда, со асистенција на Садио Мане, рутински ја погоди мрежата од работ на шеснаесетникот во 75-тата минута за резултат од 3-1. Тоа беше неговиот 26-ти гол во 28 лигашки натпревари оваа сезона, што го држи во трка за најдобар стрелец во лигата. Само Иван Тони од Ал-Ахли Џеда со 30 и Хулијан Кињонес од Ал-Кадсија со 29 гола моментално се пред него. Роналдо сега е само на 29 гола од достигнување на неверојатната бројка од 1.000 гола. Ова е исто така 100-ти гол на Роналдо во саудиското првенство.

Жоао Феликс, исто така, имаше незаборавна вечер, бидејќи достигна 20 лигашки гола. За споредба, за време на неговата кариера во Европа, играјќи за клубови како Бенфика, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона и Милан, тој никогаш не постигнал повеќе од седум лигашки гола во една сезона.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...