Оклахома убедлива во вториот натпревар, тешка задача им претстои на Лејкерси

Оклахома Сити Тандер покажаа во второто коло од плејофот на Западната конференција зошто се сериозни кандидати за полуфиналето, победувајќи ги Лос Анџелес Лејкерс со 125-107 и поведувајќи со 2-0 во серијата.

Прегледи:

Датум:

Оклахома Сити Тандер покажаа во второто коло од плејофот на Западната конференција зошто се сериозни кандидати за полуфиналето, победувајќи ги Лос Анџелес Лејкерс со 125-107 и поведувајќи со 2-0 во серијата.

По вчерашната победа го одбранија домашниот терен и преземајќи го на тој начин моментумот што сега може да биде одлучувачки во понатамошниот тек на дуелот.

Шаи-Гилџус Александар го предводеше тимот со 22 поени, како и Чет Холмгрен кој исто така додаде 22 поени, заедно со 9 скока, 4 украдени топки и 2 блокади, а Аџаи Мичел придонесе со 20 поени од клупата, покажувајќи како длабокиот и разновиден состав им дава предност на Тандерс во клучните моменти.

Од друга страна, во тимот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс беше најефикасен со 31 поен и 6 асистенции, додека Леброн Џејмс додаде 23 поени со исто така 6 асистенции и 6 скока. Руи Хачимура постигна 16 поени, Маркус Смарт додаде 14, што не беше доволно за да го изненади актуелниот шампион.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...