На социјалните мрежи кружи видео кое привлече посебно внимание од спортската јавност во Лос Анџелес, а главните улоги ги играа тренерот на Лејкерси, Џеј Џеј Редик, и играчот Лука Дончиќ.
Како што може да се види на видеото, Редик и Дончиќ влегоа во кратка вербална расправија откако тренерот на Лејкерси одлучи да го извади својот најдобар играч од играта. Овој потег очигледно не му се допадна на словенечкиот кошаркар.
Luka had to be held back from JJ Redick 😳 pic.twitter.com/cwyB61XAmy
— BrickCenter (@BrickCenter_) March 2, 2026
Во еден момент, соиграчите мораа да го смират Дончиќ, но ситуацијата брзо се смири и не се случи поголем инцидент.
Лејкерси на крајот победија против Сакраменто Кингс со резултат од 128:104, а Дончиќ беше најефикасниот играч во својот тим со 28 поени, пет скока и девет асистенции.


