Македонија гостин на Азербејџан во обид да ја продолжи серијата победи

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска во Баку, од 17.часот, ќе одигра меч против Азербејџан, дел од претквалификациите за пласман на Евробаскетот во 2029 година.

Прегледи:

Датум:

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска во Баку, од 17.часот, ќе одигра меч против Азербејџан, дел од претквалификациите за пласман на Евробаскетот во 2029 година.

Двете репрезентации запишаа победи во своите натпревари пред неколку дена – „црвено-жолтите“ против Луксембург, додека Азербејџан „тесно“ ја победи селекцијата на Ирска.

Изненадувачката победа на гостувањето во Даблин е знак дека македонските кошаркари треба да максимално фокусирано да пристапат на овој меч.

Мечот во Баку ќе биде вкупно 90-ти за капитенот на нашата машка сениорска репрезентација, Војдан Стојановски, кој ќе биде новиот рекордер според бројот на одиграни официјални натпревари во дресот со државниот грб.

Судискиот оддел на Светската кошаркарска федерација, ги одреди официјалните лица за четвртиот натпревар на македонската сениорска репрезентација во претквалификациите за Евробаскетот 2029.

Судиската тројка на мечот од групата „А“ од првата фаза од претквалификациите, Азербејџан-Македонија, кој се игра на 2.март (понеделник), а стартува од 17:00 часот, во „Палатата на спортовите“ во Баку, ја сочинуваат: Кирил Тваури (Грузија), Томаш Ланговски (Полска) и Емануел Цолакос (Грција).

Во улога на комесар/технички делегат е Гинтарас Виткаускас од Литванија.

Во вториот меч од групата, вечерва од 20.30 часот во Даблин ќе играат селекциите на Ирска и на Луксембург.

Во групата „А“, Македонија е лидер со максимални три победи во исто толку досега одиграни натпревари.

Преткавлаификации за ЕП 2029:

ГРУПА „А“

17.00: Азербејџан – МАКЕДОНИЈА
20.30: Ирска – Луксембург

ТАБЕЛА

1.Македонија 3 3 0 254:195 6
2.Луксембург 3 2 1 254:246 5
3.Азербејцан 3 1 2 215:257 4
4.Ирска 3 0 3 228:253 3

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...