📽️За првпат на НБА терените: Со патика му удри „банана“ па доби техничка

Чудна сцена беше видена на вчерашниот НБА натпревар помеѓу Орландо Меџик и Оклахома Сити Тандер, во кој главен лик беше Алекс Карусо

Прегледи:

Датум:

Чудна сцена беше видена на вчерашниот НБА натпревар помеѓу Орландо Меџик и Оклахома Сити Тандер, во кој главен лик беше Алекс Карусо.

Плејмејкерот на актуелниот шампион на НБА Оклахома Сити, во еден момент остана без патика, која му падна од ногата, а потоа му текна невидена идеја.

Бидејќи противничкиот кошаркар Тристан да Силва одеше по „леј-ап“, Карусо реши да го спречи во таа намера со помош на својата патика.

Карусо ја зеде патиката и со неа му удри „банана“ на Да Силва, а сите останаа во неверица.

Судиите немаа друг избор освен да му досудат на Карусо техничка грешка, а Да Силва отиде на линијата за слободни фрлања.

На крајот, и Карусо и судијата завршија со насмевка.

Резултати:

Шарлот Хорнетс – Мајами Хит 136:106
Орландо Меџик – Оклахома Сити Тандер 108:113
Вашингтон Визардс – Детроит Пистонс 117:130
Њујорк Никс – Индијана Пејсерс 136:110
Милвоки Бакс – Кливленд Кавалирс 116:123
Минесота Тимбервулвс – Финикс Санс 116:104
Денвер Нагетс – Филаделфија 76-ерс 124:96
Сакраменто Кингс – Сан Антонио Спарс 104:132

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...