АБА-2: ТФТ поразен од Широки по катастрофата во последната четвртина

Кошаркарскиот клуб ТФТ доживеа пораз на гостувањето кај Широки со 88-69 во првиот натпревар од финалната серија во АБА-2 лигата во салата „Пецара“

Прегледи:

Датум:

Кошаркарскиот клуб ТФТ доживеа пораз на гостувањето кај Широки со 88-69 во првиот натпревар од финалната серија во АБА-2 лигата во салата „Пецара“.

Иако имаше водство по првото полувреме од +7 (37-44) скопскиот тим почна да „паѓа“ во второто полувреме, откако прво домаќините ја завршија третата четвртина со два разлика (64-62) а во последната се случи вистински дебакл на тимот на Боро Смилковски.

Во неа, тимот од Тафталиџе постигна само 7 поени за на крајот да загуби и убедливо со 19 поени разлика.

Мекрири имаше „дабл-дабл“ од 26 поени и 10 скока за домаќините, а Трајс му помогна со 21 поен и 8 асистенции.

Кај ТФТ, Говенс реализираше 17 поени и 4 скока, додека Гордон се истакна со 14 поени и 5 скока.

Вториот натпревар ќе се игра на 29 април. Серијата ја добива тој што ќе запише две победи, а евентуална мајсторка пак би се играла во Широки на 6 мај.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...