Антиќ на аукција купи дрес од Јамал вреден 2,500 евра, средствата одат за лекување на дечиња

Спортската конференција „Адрија“ (Adria Sports Conference - ASC) организираше аукција, каде што понуди потпишани дресови на Ламин Jамал ​​и Дани Олмо од шпанска Барселона

Прегледи:

Датум:

Спортската конференција „Адрија“ (Adria Sports Conference – ASC) организираше аукција, каде што понуди потпишани дресови на Ламин Jамал ​​и Дани Олмо од шпанска Барселона.

Средствата од аукцијата треба да бидат донирани за лекување на петгодишниот Реља Бокан и двегодишната Софија Дујловиќ од Бања Лука, кои се борат за своите животи, и на овој начин им e дадена поддршка да истраат во својата борба, соопштија на својот Инстаграм профил организаторите.

Прославениот македонскиот кошаркар и репрезентативец, Перо Антиќ го купи дресот на Ламин Јамал ​​за 2,500 евра, додека дресот на Дани Олмо заврши кај Игор Додик, генерален менаџер на КК Игокеа, за иста цена.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...