Берокал по победата над Луксембург: Имавме падови во играта што не смеат да ни се повторат

Жозеп Марија Берокал ја забележа својата прва победа како селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, откако вечерва во „Градски парк“ нашите кошаркари ја победија селекцијата на Луксембург со 79:70 и со тоа го задржаа максималниот ефект во групата „А“.

Прегледи:

Датум:

Жозеп Марија Берокал ја забележа својата прва победа како селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, откако вечерва во „Градски парк“ нашите кошаркари ја победија селекцијата на Луксембург со 79:70 и со тоа го задржаа максималниот ефект во групата „А“.

„Победата е важна за почетокот на овој проект. Не смееме да заборавиме дека сме заедно само четири дена што не е лесно и за мене како тренер и за тимот. Имаше добри работи, како трчањето и одбраната. Но имавме и падови во играта што не смеат да ни се повторат.

Им честитам на играчите поради тоа што немавме доволно време да се вклопиме. Сакам да играме добра одбрана, не е лесно да се игра 40 минути на тоа ниво, но тоа е нашата цел. Задоволен сум од пристапот на играчите бидејќи главно го исполнија она што го побарав од нив. Треба само да го зголемиме бројот на добри минути во играта, да ја движиме подобро топката и да играме како тим, а не индивидуално“ – рече новиот селектор по натпреварот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...