Чудо од дете: Купер Флeг постигна 51 поен и влезе во историјата на НБА

Прегледи:

Датум:

На само 19 години, Купер Флeг успеа да направи она што многумина не успеале да го направат. Тој достигна максимум во кариерата со 51 поен.

Орландо го победи Далас со 138:127, но сè беше во знакот на Купер Флeг, кој сега речиси ја обезбеди титулата најдобар дебитант во сезоната.

Во 64 натпревари оваа сезона, тој имаше просек од 20,3 поени со 6,6 скока и 4,5 асистенции по натпревар со 46,7 проценти успешност од поле. Вакви бројки во лигата имаат забележано и Никола Јокиќ, Јанис Антетокумпо и Лука Дончиќ.

Флeг сега, на 19 години и 103 дена, стана првиот тинејџер кој постигнал 50 поени на натпревар. Покрај тоа, за само 33 минути на паркетот, тој погоди 13 од 21 шут за два, 6 од 9 за три и 7 од 7 од линијата за слободни фрлања. Тој додаде и шест скока и три асистенции.

Претходниот рекордер беше Брендон Џенингс со 20 години и 52 дена, додека Леброн Џејмс сега е трет на листата со 20 години и 80 дена, односно возраста на која постигна 50 поени.

Флeг имаше уште еден фантастичен натпревар оваа сезона кога постигна 49 поени против Шарлот Хорнетс, но Маверикс сепак беа поразени.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...