Евролигата донесе голема одлука за форматот и календарот на натпреварувањето

„Фаталниот“ состанок на Управниот одбор на Евролигата е закажан за вторник, 14 април 2026 година. Ден претходно, италијанскиот „инсајдер“ Алесандро Маџи од порталот „Спортандо“ објави дека нема да има „фатални“ промени. Барем не за сезоната 2026/27

Прегледи:

Датум:

„Фаталниот“ состанок на Управниот одбор на Евролигата е закажан за вторник, 14 април 2026 година. Ден претходно, италијанскиот „инсајдер“ Алесандро Маџи од порталот „Спортандо“ објави дека нема да има „фатални“ промени. Барем не за сезоната 2026/27.

„Ми беше кажано дека утре Управниот одбор на Евролигата ќе го потврди истиот формат со 20 клубови за следната сезона, со 38 натпревари во регуларната сезона“, напиша Маџи на мрежата „X“, цитиран од „Спорт клуб“.

Сепак, тој додаде дека ќе има промена.

„Сезоната би можела да започне една или две недели порано од вообичаеното“.

Фактот дека остануваат 38 натпревари значи дека „помирување“ помеѓу Евролигата и ФИБА не е на повидок, иако пораното започнување на натпреварувањето би можело да помогне во олеснување на календарот.

Се зборуваше дека Евролигата би можела да се прошири, да добие нови членови и со тоа да го намали бројот на натпревари по сезона.

Средбата на Евролигата ќе биде важна пред сè поради статусот на двете „големи риби“. Реал Мадрид и Фенербахче сè уште немаат договор за продолжување на соработката со Евролигата. Реал наводно сакал промена на чело на натпреварувањето, а доаѓањето на Кус Буено наместо Паулиус Мотејунас треба да го смири кралскиот клуб и да го убеди да остане во натпреварувањето.

Од друга страна, ќе се зборува и за Асвел, чие понатамошно учество во Евролигата е под знак прашалник.

Тема на оваа средба треба да бидат и тимовите со привремени лиценци како Валенсија, Виртус, Партизан, Црвена Звезда и Дубаи. Имено, овие клубови бараат малку поголем дел од колачот, поточно бараат, на пример, поголем приход од телевизиските права, кои во моментов се мизерни за нив, тврди српското издание.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...