Фенербахче се збогува со шампионско дуо

Кем Берч и Девон Хол повеќе не се кошаркари на Фенербахче, објави денес турскиот клуб

Прегледи:

Датум:

Кем Берч и Девон Хол повеќе не се кошаркари на Фенербахче, објави денес турскиот клуб.

Хол (30) игра за Фенербахче од 2024 година и има освоено шест трофеи со турскиот клуб. Американскиот кошаркар претходно играше за Олимпија Милан, Бамберг и Оклахома Сити.

Тој минатата сезона во Евролигата имаше просек од 8,3 поени, 2,9 скока и 2,6 асистенции по натпревар.

Берч (33) е член на турскиот клуб од 2024 година, а пред тоа играше за Жирона, Торонто, Орландо, Олимпијакос и Ушак. И канадскиот кошаркар освои шест трофеи со Фенербахче.

Берч минатата сезона одигра 43 натпревари во Евролигата за турскиот клуб и имаше просек од 3,9 поени и четири скока по натпревар.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Херн потврди: Пакијао би можел да учествува во шоуто Фјури-Џошуа

Британскиот промотор Еди Херн, еден од организаторите на планираната...

🎥 Покоњоли: Ни треба добар настап против Македонија, резултатот е важен за сите

Селекторот на Шкотска, Себастијан Покоњоли пред дуелот со Македонија...

Саду Нтанзи потпиша на една година со Еурофарм Пелистер

Нов член на Еурофарм Пелистер е Саду Нтанзи, соопштија...

Добри вести за Флик, Рафиња не е повреден

Добри вести за Барселона и Ханси Флик – Рафиња...