Панатинаикос му се заблагодари на Ти Џеј Шортс

Кошаркарскиот клуб Панатинаикос се раздели и со Ти Џеј Шортс кратко откако беше објавено дека Кенет Фарид си заминува

Прегледи:

Датум:

Кошаркарскиот клуб Панатинаикос се раздели и со Ти Џеј Шортс кратко откако беше објавено дека Кенет Фарид си заминува. Жељко Обрадовиќ пристигна и ПАО веднаш им се заблагодари на двајцата играчи.

Патанаикос официјално објави дека Ти Џеј Шортс нема да биде дел од тимот за претстојната сезона.

Ти Џеј Шортс блескаше во дресот на Париз пред тоа и дури беше еден од кандидатите за наградата за најкорисен играч, која на крајот му припадна на Кендрик Нан.

Потоа дојде преселба во Атина, но Шортс немаше ни приближно иста улога таму како што имаше во француската престолнина. Под водство на тренерот Ергин Атаман, тој ретко играше, особено во Евролигата, а дури и кога беше на теренот, генерално не функционираше.

Панатинаикос сè уште чека на првите засилувања по враќањето на Жељко Обрадовиќ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Херн потврди: Пакијао би можел да учествува во шоуто Фјури-Џошуа

Британскиот промотор Еди Херн, еден од организаторите на планираната...

🎥 Покоњоли: Ни треба добар настап против Македонија, резултатот е важен за сите

Селекторот на Шкотска, Себастијан Покоњоли пред дуелот со Македонија...

Саду Нтанзи потпиша на една година со Еурофарм Пелистер

Нов член на Еурофарм Пелистер е Саду Нтанзи, соопштија...

Добри вести за Флик, Рафиња не е повреден

Добри вести за Барселона и Ханси Флик – Рафиња...