Ѓоревски: Ќе се обидеме достојно да го претставиме клубот и македонската кошарка во ФИБА Еврокупот

„Работиме напорно за да формираме квалитетен состав во кој ќе има вистински баланс помеѓу искуството и младоста, дополнет со квалитетни и перспективни странски кошаркари кои ќе се вклопат во нашата визија“, порача тој.

Прегледи:

Датум:

Добивме исклучително интересна група, која воопшто не е лесна. Ќе играме против екипи од земји кои редовно имаат свои претставници на големите европски натпреварувања, што доволно зборува за квалитетот што нѐ очекува. Никого не потценуваме, но истовремено веруваме во сопствените можности и ќе се обидеме достојно да го претставиме клубот и македонската кошарка, изјави извршниот директор на МЗТ Скопје Аеродром, Филип Ѓоревски во врска со настапот на тимот во ФИБА Еврокупот.

„Работиме напорно за да формираме квалитетен состав во кој ќе има вистински баланс помеѓу искуството и младоста, дополнет со квалитетни и перспективни странски кошаркари кои ќе се вклопат во нашата визија“, порача тој.

Новата сезона за МЗТ Скопје Аеродром официјално ќе почне во средината на август, кога шефот на стручниот штаб Васко Атанасов ќе ја означи првата прозивка и стартот на подготовките за предизвиците што ги носат домашната сцена и европските натпреварувања.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...