Ѓуроски: Без оглед на тоа дали губиме или водиме 20 поени, оваа репрезентација игра до крај

Еден од најискусните во нашиот кошаркарски национален тим, Стојан Ѓуроски го даде својот максимум при победата над Азербејџан во Баку (70:78).

Прегледи:

Датум:

Еден од најискусните во нашиот кошаркарски национален тим, Стојан Ѓуроски го даде својот максимум при победата над Азербејџан во Баку (70:78). Постигна двоцифрен број на поени – 10 и имаше придонес во четврттата победа по ред во групата „А“ од претквалификациите за Еврробаскетот 2029.

„Искрено, тешка победа, помалку и очекувано ако се знае дека против Ирска одиграа доста поквалитетно. Го почнавме натпреварот доста споро. И морам да признаам доста меко. Им дадовме мотиви, да знаат дека може да победат.

После тоа „се стегнавме“ и го дадовме својот максимум. Ја сменивме нашата игра и стигнавме до победата. Се гледа дека сме поквалитетната екипа. Меѓутоа и на овој и на сите други натпревари мораме да влеземе максимално за да стигнеме до победата, затоа што никој нема да ни ја даде. И без оглед на тоа дали губиме или водиме 20 поени, оваа репрезентација игра до крај“ – коментираше искусното крило по успешниот настап во Баку, цитиран од КФСМ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...