Искусниот центар Отас Ијекекполор го засили КК ТФТ АД Скопје непосредно пред дуелот против Слобода Тузла во рамките од првото коло во АБА 2 лигата (106:61).
Ијекекполор (30) доаѓа од Канада, откако минатата сезона ја мина во редовите на босанскиот прволигаш Промо Доњи Вакуф, каде во 24 натпревари одржа просек од речиси 5 поени и 4 скока по натпревар.
Ијекекполор не запиша минути синоќа во дебаклот против Слобода, а тој ќе биде достапен за тимот исклучиво во јадранската Втора лига.


