📽️Историски подвиг во четвртфиналето – Валенсија се пласираше во Ф4 на Евролигата

Кошаркарите на Валенсија се пласираа во Фајналфорот на Евролигата, откако го победија Панатинаикос со 81:64 во решавачкиот, петти натпревар од четвртфиналната плејоф серија во Евролигата

Прегледи:

Датум:

Кошаркарите на Валенсија се пласираа во Фајналфорот на Евролигата, откако го победија Панатинаикос со 81:64 во решавачкиот, петти натпревар од четвртфиналната плејоф серија во Евролигата.

Валенсија направи историски подвиг – го елиминираа ПАО и покрај тоа што губеа со 0-2 по првите натпревари од серијата, и тоа на домашен терен.

Тимот предводен од Педро Мартинез со тоа стана само вториот тим во историјата на Евролигашкото натпреварување, во сегашниот формат, кој запишал три триумфи по 0-2 и се пласирал на „Фајнал Фор“.

Реал Мадрид претходно го направи тоа во контроверзната серија со Партизан во сезоната 2022-23.

Бекот на Валенсија, Бранку Бадио, беше најзаслужен за победата на Валенсија.

Сенегалскиот интернационалец го заврши натпреварот со 20 поени – од кои 14 ги постигна во „кризната“ трета четвртина – 5 скока и по 2 асистенции, изгубени топки и украдени топки.

Исто така, се истакнаа крилниот центар Брекстон Ки – кој го играше натпреварот со заштитна маска на лицето поради скршен нос што го доби против Басконија – и плејмејкерот Џан Монтеро со по 12 поени.

Крилниот центар Камерон Тејлор беше значаен – тој постигна учинок од 9 поени, 7 скока, 5 асистенции и по 2 украдени топки и изгубени топки.

Патанаикос го предводеше крилниот центар Најџел Хејс-Дејвис со 15 поени.

Крилниот центар Џеди Осман исто така постигна двоцифрен број поени со 10 поени, додека бекот Кендрик Нан го заврши натпреварот со 9 поени и 6 изгубени топки.

Ергин Атаман не можеше да смета на повредениот плејмејкер Костас Слукас на овој натпревар, како и во текот на целата серија.

Валенсија беше без крилата Хосеп Пуерто и Чави Лопез-Аростеги.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...