Јанис е на излезна врата, Бакс се подготвени за размена

Иако се чинеше дека тоа никогаш нема да се случи, Јанис Антетокумпо би можел да биде продаден ова лето. Гркот е двократен МВП на НБА, а во 2021 година ја освои шампионската титула со Милвоки Бакс

Прегледи:

Датум:

Иако се чинеше дека тоа никогаш нема да се случи, Јанис Антетокумпо би можел да биде продаден ова лето. Гркот е двократен МВП на НБА, а во 2021 година ја освои шампионската титула со Милвоки Бакс. Често велеше дека Милвоки е негов „втор дом“ и колку е поврзан со заедницата, па се чинеше дека грчката суперѕвезда ќе стане една од најголемите икони во историјата на франшизата.

Сепак, работите се променија со текот на времето. Раководството на Бакс не успеа да му донесе соодветна помош на Јанис во борбата за нова титула, тренерите се менуваа со брзо темпо – дури четворица го водеа тимот во последните три години – и ситуацијата кулминираше оваа сезона.

Сè доведе до фактот дека Јанис сега би можел да го напушти Милвоки. ESPN известува дека раководството на Бакс е подготвено да ги слушне понудите за својата најголема ѕвезда. Се очекува Милвоки да бара млади таленти и/или драфт-пикови во евентуална размена. Бакс наводно биле отворени за преговори уште во февруари, што дополнително го налутило Јанис.

„Во следните шест или седум недели ќе одлучиме дали Јанис ќе го продолжи договорот и ќе остане со нас или ќе игра некаде на друго место“, неодамна изјави ко-сопственикот на Бакс, Џими Хаслам.

На крајот на краиштата, прашањето што најмногу ја интересира јавноста во НБА е – каде би можел Јанис да ја продолжи својата кариера?

Њујорк најчесто се споменува како најреална дестинација. Минатото лето се зборуваше за можна размена со Никс, но Бакс го гледаа тој тим како директен ривал на Истокот. Бостон Селтикс и Мајами Хит исто така се споменуваа во комбинациите, додека претходно се зборуваше за можноста Јанис да игра заедно со Стеф Кари во Голден Стејт Вориорс.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...