Клиперси бесни по драконската казна: Одиме на суд

Прегледи:

Датум:

Откако Каваи Ленард проговори за драконските казни на НБА, Лос Анџелес Клиперс брзо одговорија. Калифорнискиот клуб испрати писмо до комесарот Адам Силвер, во кое ги оспори заклучоците од истрагата и најави правна битка.

Клиперс веруваат дека постапката не била фер, иако, според нивните сопствени изјави, тие доставиле повеќе од 30.000 документи и овозможиле интервјуа со повеќе од 20 сведоци. Тие додадоа дека Стив Балмер потрошил речиси 50 милиони долари за истрага, адвокати и докажување на невиноста на клубот.

Тие се особено незадоволни од фактот што биле информирани за одлуката на лигата помалку од еден час пред да биде објавена, без можност да одговорат на обвинувањата. Клиперс, исто така, тврдат дека НБА не пронашла докази за договор според кој парите биле пренасочени до Ленард преку компанијата „Aspiration“.

Според нивното толкување, клубот го поврзал Каваи само со одредени спонзори и деловни партнери, што го сметаат за вообичаена практика во НБА. Тие исто така нагласија дека ваквите дејствија не се забранети со никакви постоечки правила.

„Оваа истрага беше погрешна од самиот почеток. Одлуката да се објави извештајот без никакво предупредување до Клиперс или нивните адвокати е неоправдана. Ги разгледуваме сите правни лекови за справување со оваа тешка неправда“, соопшти клубот.

Во писмото, исто така, се наведува дека целиот процес сериозно го оштетил угледот на Стив Балмер, како и односите на клубот со важните партнери. Вработените во Клиперс наводно поминале илјадници часови прегледувајќи документи, телефони, пораки и финансиски извештаи, додека сопственикот на клубот платил за најмалку шест адвокатски фирми.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...