Леброн повторно испиша историја – сруши рекорд стар 37 години

Неприкосновениот Леброн Џејмс синоќа постави уште еден рекорд во најсилната кошаркарска лига откако го надмина Карим Абдул-Џабар во 2023 година и стана најдобар стрелец во НБА досега.

Прегледи:

Датум:

Неприкосновениот Леброн Џејмс синоќа постави уште еден рекорд во најсилната кошаркарска лига откако го надмина Карим Абдул-Џабар во 2023 година и стана најдобар стрелец во НБА досега.

Имено, големиот Џејмс синоќа го надмина легендарниот центар по бројот на реализирани шутеви од поле во НБА (15.838).

Тој го достигна рекордот во првата четвртина од натпреварот против Денвер Нагетс.

Абдул-Џабар погоди 15.837 шутеви од поле за време на неговата 20-годишна НБА кариера и многумина мислеа дека овој рекорд кој траеше 37 години никогаш нема да биде срушен.

Претходно, Џејмс го надмина Абдул-Џабар по минути, обиди за шутеви од поле и вкупен број на постигнати поени (43.111 до овој натпревар).

Во текот на својата 23-годишна кариера, Џејмс беше 22 пати дел од Ол-стар натпреварот, потоа избран во 21 Ол-НБА тим, шест пати во најдобриот дефанзивен тим, беше најдобар стрелец во сезоната 2008, четирикратен шампион на НБА…

Тој игра на високо ниво за Лејкерси и оваа сезона, со просек од 21,6 поени, 7,0 асистенции и 5,6 скока по натпревар.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...