Легендарниот Фил Џексон ќе биде овековечен со статуа пред арената во Лос Анџелес

Прегледи:

Датум:

Фил Џексон, најодликуваниот тренер во историјата на НБА, ќе добие своја статуа пред арената „Крипто Ком“ во Лос Анџелес, објавија Лејкерс.

Откривањето на статуата на Фил Џексон во Лос Анџелес е закажано за 9 април 2027 година, во пресрет на НБА натпреварот на „езерџиите“ против Минесота Тимбервулвс.

Легендарниот тренер освои пет од своите 11 шампионски прстени со тимот на Лос Анџелес.

Неговото влијание беше непосредно, бидејќи освои три последователни шампионски титули во своите први три сезони (2000, 2001, 2002). Таа генерација беше предводена од еден од најдоминантните тандеми во спортската историја – Шакил О’Нил и Коби Брајант.

По кратка пауза, тој се врати на клупата на Лејкерси во 2005 година и започна да гради нов шампионски тим. Врвот на неговиот втор мандат беа уште две титули, повторно една по друга – во 2009 и 2010 година.

Неговите единаесет шампионски прстени се уште апсолутен рекорд меѓу тренерите во историјата на НБА.

Пред ерата во Лос Анџелес, Џексон создаде „династија“ со Чикаго Булс и Мајкл Џордан. Со тимот на Чикаго, тој собра дури шест титули во текот на 1990-тите.

Отпечатокот на Џексон врз Лејкерс се рефлектира и во бројките. Со 610 победи во регуларната сезона, тој е најуспешниот тренер во богатата историја на франшизата.

Со поставувањето на статуата, Фил Џексон ќе се придружи на ексклузивниот клуб на легенди чии споменици веќе се поставени пред домот на Лос Анџелес Лејкерс. Во групата се вклучени играчите Карим Абдул-Џабар, Меџик Џонсон, Шакил О’Нил, Џери Вест, Елгин Бејлор и Коби Брајант, како и тренерот Пет Рајли и легендарниот коментатор Чик Хирн.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Дончиќ со „дабл-дабл“ каков што никогаш немал во животот, Лејкерс сепак го добија градското дерби

Дербито на Лос Анџелес синоќа се играше во Калифорнија,...

Леклер ги намалува очекувањата по двојниот триумф на тренинзите во САД

Шарл Леклер беше најбрз и највешт на првата и...

Маркез победи на спринт трката во Австралија, Мартин скрши рака

Марк Маркез победи на спринт трката на „Филип Ајленд“...

Конте го прекина молчењето за Јунајтед: „Не сум поставувал услови“

Антонио Конте проговори за шпекулациите за преземање на Манчестер...