Лоши вести за Минесота: Едвардс аут поради повреда

Лоши вести за Минесота во екот на борбата за третото место во Западната конференција, откако Тимбервулвс ќе бидат без Ентони Едвардс

Прегледи:

Датум:

Ситуацијата во Западната конференција стана сериозна. Оклахома и Сан Антонио ги обезбедија првите две места, додека борбата за третото место е отворена и е помеѓу Денвер, ЛА Лејкерс, Хјустон и Минесота.

Тимбервулвс, сепак, се во проблеми, бидејќи Ентони Едвардс има проблеми со коленото.

Според инсајдерот Шамс Чаранија, кошаркарот ќе биде подложен на дополнителни прегледи – кои ќе го држат надвор од теренот во период од една до две недели.

Минесота веќе играше без него – и победи против Феникс со резултат од 116:104.

Едвардс играше за последен пат против актуелниот шампион Оклахома.

Минесота загуби со 116-103, а 26-годишниот кошаркар имаше прилично добар настап од 19 поени, 6 скока, 5 асистенции.

Оваа сезона, Едвардс игра на МВП ниво и има просек од 29,3 поени, 5,1 скока и 3,7 асистенции по натпревар, додека шутира речиси со 49% прецизност од поле.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...