Магдевски го пропушта остатокот од сезоната за МЗТ

МЗТ Скопје Аеродром соопшти дека нивниот кошаркар Андреј Магдевски доживеал повреда на мечот со Тиквеш

Прегледи:

Датум:

МЗТ Скопје Аеродром соопшти дека нивниот кошаркар Андреј Магдевски доживеал повреда на мечот со Тиквеш.

Магдевски при еден од пробивите кон противничкиот кош почувствува болка, падна и мораше да се пресели на клупата.

Подоцнежните снимки и лекарски прегледи покажале дека станува збор за потешка повреда на коленото, поради која го чека повеќемесечно отсуство, што значи дека ќе го пропушти останатиот дел од сезоната.

Ова е сериозен проблем за тимот, особено ако се знае дека во моментов надвор од составот поради повреди се и Војдан Стојановски и Андреј Маслинко, а уште неколку првотимци имаат поситни проблеми.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...